Квијан Фу: Изненадени од инвестициската политика и добрите бизнис услови во Македонија
Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги презентираше можностите за инвестирање и поволностите кои што се нудат за водење на бизнис во Република Македонија на бизнис форум во Пекинг, кој се одржа во соработка со Фондацијата за инвестиции на НР Кина.
Присутните претставници на кинеските компании дадоа позитивна оценка за презентираните можности за водење бизнис кои ги има нашата земја.
Генералниот менаџер за Европа на „Нучтеч компани“, компанија која веќе инвестирала во Полска, и е присутна на европскиот пазар, Квијан Фу, позитивно ги оцени можностите за инвестирање и напорите кои ги прави Владата за привлекување на инвестиции.
-Денес сме изненадени од инвестициската политика и добрите бизнис услови во Македонија. Во иднина имаме планови да го продолжиме нашето производство во Европа. Македонија е потенцијалното место за нашата втора инвестиција за источно европскиот пазар, изјави Фу
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа