Давитковски демантира: Комисијата не е блокирана
Комисијата за настаните од 24 декември не е блокирана. Претседателот Борче Давитковски за Press24 ги демантира информациите објавени во некои медиуми, дека комисијата „се закопала“. Тој не сакаше да изнесе повеќе детали и најави дека во наредните денови ќе излезе на прес конференција.
Вчера, весникот Вест повикувајќи се на партиски извори објави дека комисијата е блокирана.
-Се закопавме, работата не оди, потврдиле партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за Вест. Од партиите не дале информации зошто не се согласувале меѓу себе или со претседателот на Комисијата, Борче Давитковски.
Комисијата за настаните од 24 декември е обврска која Македонија е превзема пред Европската Унија.