Едно лице загина во сообраќајка во Куманово

Едно лице загина, а четири се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа, околу еден часот по полноќ, во Куманово, на улицата „Трета македонска ударна бригада“, пред поранешниот Дом на АРМ.

Како што соопшти МВР, до несреќата дошло откако автомобил „субару“ управуван од кумановецот Роби П. (1975), излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Притоа Р. П. починал на самото место.

Увид изрши свр и основното јавно обвинителство.

Тешки телесни повреди здобиле сопатничките Ц.В. (1975), М.М. (1976), И.Т. (1987) и И.Б. (1984). Првите две се задржани во Општата болница Куманово, а другите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

- Ц.В. и М.М. со скрешници на двете надколеници се пренесени во Скопје, додека И.Т. и И.Б, едната со скршеници на колено, а другата со скршеници на десната клучна коска, се згрижени кај нас, информира Дежурниот хирург во Општата болница куманово Елена Стојановска.

Увид во несреќата извршиле СВР Куманово и Основното јавно обвинителство.

 
 
28.11.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега