Мобилните телефони на допир значително ќе поскапат - еве зошто
Екраните чувствителни на допир ги има во сите можни варијани, од оние за телевизор, преку фрижидери, па се до паметни телефони и таблети.
Сепак, таа технологија има и лоша страна - суровините потребни за изработка на екранот не се неограничени, а засега алтернативно решение нема. Екрани има се повеќе, а индиум, материјалот со кој се изработуваат, е се пооскуден.
Досега цената на индиумот достигна 900 долари по килограм. Инаку станува збор за тешко заменлив материјал, со оглед на тоа што таква спроведливост, стабилност и проѕирност не може да се постигне со жиците од сребро или други материјали.
Доколку за брзо време не се најде решение, екраните чувствителни на допир можеби ќе станат премногу скапи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа