Повеќе од 80 компании нудат работа: „Саемот за вработување“ во Скопје

 

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска ќе се обрати на отворањето на „Саемот за вработување“, кој го организира Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Повеќе од 80 компании на Саемот за вработување во Скопје ќе понудат многу нови можности за вработување на невработените, а воедно и за активните баратели на нови работни позиции.

На Саемот ќе бидат застапени компании од различни категории, се со цел овозможување богата понуда за што поголем број профили и струки.

На отворањето на Саемот најавено е присуство на директорот на Агенцијата за Вработување на РМ, Влатко Поповски.

Саемите за вработување 2015, до сега посетија седум градови низ Македонија. По примерот на светските трендови, со Саемите за вработување им се дава можност на сите невработени луѓе од нашата држава, особено на младите, да дознаат што точно се бара на пазарот на труд и можност да остварат близок контакт со компаниите кои нудат работа и да аплицираат со свое CV за посакуваната работна позиција. Невработените граѓани на секој саем имаат можност да остварат контакт лице во лице со сите претставници од најголемите работодавци во нашата држава кои ќе понудат работа и да ги дознаат сите потребни информации кои ќе им помогнат во вработувањето и создавањето на кариера.

 
 
03.12.2015 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега