РАЗДОЛЖУВАЊЕ: Во декември исплатени стари обврски од 218 милиони евра
Министреството за финансии денеска исплати 150 милиони евра за еврообврзницата издадена во 2005 година.По основ на камати од почеток на отплатата до денес се исплатени 69,375 милиони евра, или вкупно заедно со главнината 219 милиони евра, пишува Економски.мк.
Оваа еврообврзница е издадена пред десет години, кога министер за финансии беше Никола Поповски. Каматната стапка за оваа еврообврзница беше 4,625 отсто.
За споредба, евообврзницата која Владата ја издаде пред десетина дена во вредност од 270 милиони евра доспева за пет години, а по основ на камата за неа ќе бидат исплатени 65 милиони евра.
Од почетокот на декември Владата се раздолжи за 218 милиони евра
Од почетокот на овој месец Министертсвто за финансии исплати вкупно 218 милиони евра стари обврски. Најголем дел од овие пари , 156 милиони евра отидоа за еврообврзницата од пред десет години.
Во четвртокот по основ на доспеани хартии од врендост беа исплатени 57 милиони евра, а вчера уште 5 милиони.
Практиката за издавање државни хартии од вредност како инструмент за финансирање на буџетот во земјава се применува од 2004 година кога министер за финансии беше Никола Поповски.
Македонија – четврта најмалку задолжена земја во Европа
Токму редовното сервисирање на обрвските е причина Македонија со години да биде во зоната на ниско до умерено задолжени земји.
Според последните податоци на европската статистичка служба, земјава се наоѓа на четвртото место во Европа според висината на долгот. Во третиот квартал од 2015 години државниот долг изнесуваше 36%. Ова е показател дека Владата одговорно се однесува кон идните генерации и води успешни економски политки што е спротивно на тврдењата на опозицијата дека Македонија треба да очекува грчко сценарио.
„Податоците на Еуростат се најмеродавни за оценка на задолженоста на земјата и според нив Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Тоа е факт кој покажува дека Владата со сегашните економски политики се однесува многу одговорно кон идните генерации. Значајно е Република Македонија како мала економија да не биде високо задолжена земја односно да остане во зоната на ниско до умерено задолжена“, вели Ставрески.
Според Еуростат, на крајот на 2014 државниот долг на Македонија изнесувал 38,2% што значи дека заклучно со третиот квартал годинава тој е намален за 2,2 процентни поени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа