Ова се најголемите должници во Македонија - погледнете ја листата

 

Вкупно 31.464 лица на кои им се изготвени решенија за присилна наплата на радиодифузна такса се најдоа на листата што Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави јавно на нивната интернет страница. Сите кои се на списокот мора најдоцна до 16 декември решението да го подигнат во Регионалната дирекција на УЈП.

Вкупниот долг на сите скопјани кои фигурираат не е јавен. Списокот ќе биде објавен и во Службен весник, со што ќе се смета дека е извршена уредна достава на решенијата за присилна наплата.

„По објавата во ‘Службен весник на РМ’ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса“, стои во образложението на објавата од УЈП.

Оттаму информираат и дека ако обврзникот плаќал сметки од времето кога добил опомена до јавното објавување на листата, потребно е кога ќе оди да го прими решението, за извршената уплата да достави доказ.

 
 
08.12.2015 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега