Никогаш не ја пуштајте климата веднаш по стартувањето на моторот - опасно е по живот
Кога ќе седнеме во автомобилот и ја стартуваме колата, често, не размислувајќи ја вклучуваме климата и тргнуваме кон нашите обврски. Ваквата рутина претставува сериозен здравствен ризик.
Работата е во тоа што автомобилот кога го оставаме надвор секогаш се затворени прозорите. Но и кога автомобилот ќе го оставиме во ладовина за еден ден во него може да се собере 400-800 мг бензол, токсин кој предизвикува рак.
Ако сте паркирале автомобил на сонце, на температура поголема од 16 степени, нивото на бензол достигнува 2 000 – 4 000 мг, што е 40 пати повеќе од дозволеното ниво.
Седнувајќи во автомобил во кој прозорите биле затворени, луѓето почнуваат да го вдишуваат бензолот не знаејќи дека овој токсин влијае врз бубрезите, коскеното ткиво и црниот дроб. Освен тоа тој многу бавно и лошо се елиминира од организмот.
Во прирачник за користење на автомобилите се наведува дека пред да се вклучи климата уредот треба неколку минути да се отворат прозорите, а причинат не е појаснета, само постои навестување дека тоа е поради подобрување на перформансите на автомобилот.
Медицинско образложување
Резултатите на истражување покажуваат дека пред да почне да се лади воздухот клима уредот го исфрла загреаниот воздух надвор, а со него и бензол, токсин кој предизвикува рак.
Поради тоа, седнувајќи во автомобил дури и ако не чувствувате мирис на загреана пластика, отворете ги прозорите а неколку минути,а дури потоа вклучете ја климата. Не затворајте ги прозорите уште неколку минути, додека работи автомобилот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа