Пешак тешко повреден на скопските улици

Три лица  се повредени, од кои едно со потешки повреди, во евидентираните девет сообраќајни несреќи во измиантите 24 часа во Скопје.

Потешко повреден е пешак од Скопје, во незгода која се случила во 14 часот и 45 минути кај паркинг просторот зад „Тинекс“ на ул. „Веселин Маслеша“ во која учествувале товарно моторно возило „пежо боксер“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Повредениот пешак со возило на Брза помош бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и по укажаната лекарска помош бил задржан на натамошно лекување.

Во една сообраќајка со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и сопатник, а седум сообраќајки се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 27 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 20 возеле по истек на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, шестмина поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи не користеле безбедносен појас или користеле мобилен телефон додека возеле.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден  од страна на сообраќајната полиција отстранети се 77 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош со ученици од второ и четврто одделение.лв/

Во сабота со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Аеродром и Унион Олимпија, Словенија. Со цел безбедно и уредно одвивање на натпреварот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

 
 
11.12.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега