Кумановско: Мртво лице пронајдено во базен

Мртво лице пронајдено во базенот на бањата Стрновац.

Вчера вечерта во полицијата во Куманово е пријавено дека во базенот на бањата Стрновац – Општина Старо Нагоричане е пронајдено починато лице.

На местото на настанот се упатеиле полициски службеници и лекар, при што е констатирано дека се работи за тело на непознато машко лице кое се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лицето во водата. При првичниот преглед на телото, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото, кое се уште не е идетификувано е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
12.12.2015 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега