ФОТО: Фатени скопјаните кои го направија грабежот на векот во Скопје
МВР со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде лицата Ш.С. (44) , С.Ш.(33) , Р.Џ.(38) и И.П.(36) сите од Скопје поради основано сомнение дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист во временскиот период од 21/23.06.2013 година на ул. „Павел Шатев“ во стан сопственост на М.М.(56) од Скопје, сториле кривично дело „тешка кражба во стан “ предвидено и казниво по чл.236 од КЗ на РМ при што украле метален сеф во кој имало поголема сума на пари, златен накит и огнено оружје (пиштол) со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 33.580.000 денари.
Имено, во периодот од 21.06.-23.06.2013 година пријавените Ш.С. , С.Ш. и Р.Џ. по претходно посочена локација и прилика од страна на четвртопријавениот И.П., дошле на ул. „Павел Шатев„ до станот сопственост на оштетениот и со прекачување најверојатно со скалило на соседниот објект или терасата од првиот кат од станот каде што на еден од прозорците од спалната соба најпрво насилно ја подигнале пластичната ролетна, а потоа насилно со употреба на погоден алат делувале помеѓу крилото и рамката од прозорецот при што го отвориле и со протегање на рака го дофатиле механизмот за одбравување на вратата од терасата и истата ја отвориле и насилно ја подигнале пластичната ролетна од вратата и влегле внатре во станот. Внатре горепријавените извршиле пребарување и претурање во собите и пронашле и украле еден метален сеф со димензии 90x90x90 см. тежок околу 300 кг. во кој што имало околу 500.000 евра, поголема количина на накит и пиштол по што го напуштиле станот преку влезната врата на која што со погоден алат делувале на цилиндерот од бравата од внатрешна страна, истиот го скршиле, а во така направенот отвор ја отклучиле бравата и заминале во непознат правец со што се стекнале со противправна имотна корист од 33.580.000 денари. Од страна на Единицата за истрага на местото на настан и вештачење при СВР Скопје извршен е увид на лице местото, разговарано е со граѓани при што од разговорот со некои од нив добиени се одредени сознанија во врска со извршеното кривично дело. Од страна на ОИД извршен е преглед на околината и од предната страна на зградата поточно во грмушките во тревникот пронајден е сензор од рефлектор, количка и други траги. Од натамошното вештачење и анализа на трагите утврдено е дека Ш.С. е можен сторител на делото. На 10.07.2013 година приведени се четворицата пријавени, извршен е разговор со нив а по Наредба на Дежурен Истражен Судија извршен е и претрес во домот и другите простории сопственост на пријавените со цел пронаоѓање на предмети од наведеното кривично дело, при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека истите потекнуваат и од други кривични дела тешки кражби и истите се одземени. Од пријавениот Ш.С. одземено е ПМВ “АУДИ А-8 ТДИ КВАТРО” поради сомнение дека истото е употребено за транспорт на украдениот метален сеф. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Четворицата пријавени минуваат во крим евиденција за сторени повеќе кривични дела ,,тешка кражба”. Лицето Ш.С. исто така минува во крим евиденциите за извршени повеќе кривични дела ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“,..предизвикување општа опасност“, ..тешка телесна повреда“, ,,напад на службено лице при вршење работа на безбедноста“ и “обид за убиство“. Лицето П.И. минува во крим евиденцијата и за извршени повеќе кривични дела ,,прикривање„ и ,,лажно пријавување на кривично дело”.
ФОТО: МВР