Катица Јанева го ослободува Верушевски од пртивор

Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор. Како и што се очекуваше, обвинителката ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот. Информацијата ни ја потврдија и од Специјалното обвинителство

 

 

„Ве известуваме дека од страна на одбраната за обвинетите предложено е укинување на мерката притвор и определување на гаранција, по однос на што, а постапувајќи по барање на Судот, ние дадовме позитивно мислење во кое појаснивме од кои причини сметаме дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција. Воедно од наша страна предложено е и определување на мерки на претпазливост и тоа мерка на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште или престојувалите и мерка на претпазливост - одземање на патна исправа за поминување на државна граница.“ – стои во одоговорот на Специјалното јавно обвинителство на нашето прашање.

Притворот на Верушевски кој е осомничен за тешко кривично дело завршува утре, по што се очекува тој да биде на слобода.

 
 
25.12.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега