„Гугл“ може да упаѓа и пребарува во смартфоните

 

Постарите верзии на оперативниот систем Андроид имаат безбедносен пропуст, поради кој „Гугл“ може да упаѓа во паметните телефони и да ги пребарува нивните содржини, соопшти Јавното обвинителство на американската сојузна држава Њујорк.

Според Обвинителството, можно е лесно прибивање на шифрите на овие уреди, бидејќи поради безбедносниот пропуст „Гугл“ може да ги ресетира од далечена.

Секако, Обвинителството потенцира дека за таквите „упади“, на „Гугл“ му е потребна судска наредба во случаи на полициски истраги или за потребите за прибавување докази.

Од ваквата хакерска можност се заштитени мобилните телефони со Анроид 5.0 или понови верзии на системот, бидејќи во нив е отстранет стариот пропуст, кој овозможува хакирање на самртфоните од далечина.

Но, според проценките на експертите, дури 74 отсто од смартфоните користат некои од постарите верзии на Андроид.

 
 
28.12.2015 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега