Се преврте комбе на Царината - три лица итно на Ургентен

 

Тројца цариници се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава при превртување на комбе на Царинската управа на автопатот Куманово - Скопје.

Сообраќајката се случила во 7:15 часот по одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје.

Повредените се префрлени на клиниките во Скопје. Засега нема информации за какви повреди станува збор. 

На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа на МВР која треба да ги утврди причините кои ја предизвикале сообраќајката.

 
 
30.12.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега