Пожар пепелоса куќа во Гостивар - внатре имало три малолетни деца

Во село Сенокос вчера околу 09 часот и 45 минути во куќата на О.М. избувнал пожар при што изгореле простории од првиот кат и подкровјето. Во периодот кога  настанал  пожарот во дневната соба на приземјето била сопругата на сопственикот на кучата со нивните три малолетни деца. За среќа, по избувнувањето на пожарот излегле во дворот. Веднаш интервенирала екипа од Противпожарнта единица Гостивар и пожарот бил изгаснат. Нема повредени лица и увид на местото на настанот извршила увидна екипа полицијата од Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на причините за избувнување на пожарот.

 
 
30.12.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега