Драма на Детското одделение во Клиниката во Тетово

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 20 минути, 59-годишниот И.О. од Тетово вработен како доктор во Детско Одделение во Клиниката во градот, пријавил дека истиот ден околу 15 часот додека бил на работно место како дежурен лекар, бил физички нападнат од страна на непознато лице кое било заедно со уште две непознати женски лица и едно малолетно дете. Тие влегле во ординацијата да побараат помош за детето.

Како што јавува полицијата, лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко Одделение и побарал да му донесат упат, лицето му се нафрлило и физички го нападнало, а потоа почнало со рацете да удира по работното биро, компјутерот и другите предмети. Ги расфрлал на подот по што лекарот преку дежурната сестра, 46-годишната  Ќ.Ј.  побарал  да биде повикано обезбедувањето, а откако истата се обидела да го повика обезбедувањето, лицето и нејзе физички ја нападнало.

По превземени мерки бил утврден идентитетот на лицето. Се работи 25-годишниот Н.С. од селото Шемшово. 

 
 
03.01.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега