По црната Нова Година уште еден крвав настан: Србин нападна Македонец со нож

Српско-македонска тепачка имало и во Италија во градот Пјаченца, каде што неименуван Србин прободел Македонец со нож пред локал, пишува српски Блиц.

Уапсениот на полицијата ѝ рекол дека Македонецот насилно се обидел да го натера да влезе во клубот, па затоа тој морал да извади нож.

Според неофицијалните податоци, жртвата излегле пред локалот за да запали цигара, а во тој момент дошол Србинот со автомобил и веднаш започнал расправија. Вербалната расправија кулминирала со напад со нож најпрво во десната нога, а потоа и во левата страна.

Србинот за време на нападот извикувал: „Ќе те убијам“.

Полицијата набрзо го уапсила Србинот, а во неговиот автомобил го пронашла и ножот со кој бил нападнат Македонецот.

Ова е втор ваков случај откако во Охрид Срби претепаа до смрт 26-годишно момче.

 
 
04.01.2016 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега