Ја пронашол мајка си замрзната: Прва жртва на студот во Македонија

Делчевчанец доживеал вистинска драма кога вчера во 6 часот ја нашол својата мајка замрзната. Според податоците од полицијата, 51-годишниот Т.Ѓ. од селото Очипала, делчевско, пријавил дека во близина на семејната куќа ја пронашол премрзната и неконтактибилна неговата мајка, 88-годишната Фима Ѓ.

Тој повикал итна медицинска помош, а од страна на доктор била констатирана смрт која настанала од премрзнување без траги на насилство.

Телото на починатата било оставено на семејството за погреб.

 
 
04.01.2016 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега