Обвинителството потврди: Специјалната обвинителка излетала во провалија со џипот

Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 година, во близина на Македонски брод. Од Специјалното јавно обвинителство ја потврдуваат информацијата дека јавниот обвинител Ленче Ристоска имала сообраќајна несреќа во која за среќа патниците поминале без телесни повреди.

- „До незгодата е дојдено како последица од излигување на автомобилот на кривина, поради замрзнатиот коловоз, а секако возилото било управувано со брзина во граници на дозволената и брзината на движење не е причина за настанување на незгодата, велат од Специјалното јавно обвинителство за А1.Он. 

Додаваат дека се работи за приватно возило на обвинителката, поради што не била информирана јавноста.

По несреќата, веднаш била повикана полиција.

 
 
04.01.2016 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега