Среќата повеќе не живее во нашиот дом - Новинарот на МТВ се прости од својот убиен син

Младиот Леарт Адеми во неделата почина во старата Градска болница откако дента бил ранет со нож во срцето е син на Сами Адеми, долгогодишен спортски новинар во Македонската радио телевизија. Неговиот татко, на својот Фејсбук профил напиша: „Среќата повеќе не живее во нашиот дом. Мојот син беше прободен и убиен со нож“.

Деветнаесетгодишниот Леарт беше погребан вчера. Неговата прерана и насилна смрт предизвика голем интерес кај јавноста. Убиецот не е уапсен. Од полицијата велат дека интензивно го истражуваат случајот. Засега фактите говорат дека Леарт Адеми починал откако со убодна рана од остар предмет е донесено во Градската општина болница „Наум Охридски“ во Скопје.

Со него било донесено уште едно лице родено 1995 година, кое имало расекотина на главата. Неговиот другар по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

 
 
05.01.2016 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега