Ограбен потпретседателот на ДУИ - крадците однеле 80.000 евра?

Крадци влегле во домот на потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Липково, Садула Дураку и му однеле 80.000 евра пишува Либертас повикувајќи се на непотврдени информации добиени од свои извори.

 

Изворите на Либертас тврдат дека Дураку грабежот на наводно 80 илјади евра од неговиот дом го пријавил во полициската станица во Матејче.

Порталот се обидел информацијата да ја провери во локалната полициска станица но од таму ги упатиле во СВР Куманово.

Дураку во телефонски разговор потврдил дека се случил грабеж но не во неговата туку во куќата на неговиот брат. Не сакал ниту да потврди ниту да демантира дека биле украдени 80.000 евра

 

 

 
 
08.01.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега