Маја Иванова: Потребна ни е афирмација на верските и моралните вредности

 

Да се биде верник,  не значи да се биде конзервативен. Тоа се предрасуди кои според мене не се издржани, и кои веројатно наоѓаат поддршка кај луѓе кои не умеат да ги препознаат и да ги ценат вистинските вредности. Овие предрасуди мора да ги надминеме.“  Маја Иванова, сопруга на Претседателот на државата, во интервјуто за Прес24, оценува дека на Македонија и е потребна афирмација на верските и моралините вредности и тоа пред се во самите семејства, бидејќи во денешницата, кога очигледно материјалното надвладува над духовното,  навистина е тешко да се препознаат вистинските христијански вредности.

емејството според мене е основната нишка што треба да одигра клучна улога во враќањето на традиционалните вредности, вели Иванова за Прес24. Нејзиното семејство е едно од оние кои кои негува традиционални вредносни и покрај политичкиот ангажман на нејзиното сопруг. Иванова смета дека семесјтва со изградени вредности се столб на една држава

реку безусловно меѓусебно почитување, доверба и толеранција, можеме да ги оствариме тие вредности и да придонесеме кон позитивна промена на нашите општества. Мојот сопруг во една прилика кажа, какви ни се семејствата, таква ни е и државата, вели Иванова за Прес24.

-Се почесто сме сведоци на една извитоперена перцепција на етичките норми, односно вулгаризирање на моралот на сметка на личниот интерес. Неспорно е дека религијата може да одигра огромна позитивна улога во оваа смисла, и тоа токму преку семејство и преку  образованието. Успехот на една нација, зависи од духот, свеста и совеста со кои ќе бидат опремени нашите идни генерации, вели Иванова во интервјуто.

Претседателот Иванов, сопругара Маја, синот Иван, целото семејство Иванови за себе вели дека се и верници.

-Да се биде верник,  не значи да се биде конзервативен. Тоа се предрасуди кои според мене не се издржани, и кои веројатно наоѓаат поддршка кај луѓе кои не умеат да ги препознаат и да ги ценат вистинските вредности. Овие предрасуди мора да ги надминеме, вели Иванова во интервјуто.

Иванови имаат и своја семејна слава, а сопругата Маја е онаа која ја приготвува трпезата. 

- Тогаш во нашиот дом се собира најтесниот круг на семејството. Тоа е една интимна и пријатна атмосфера, убав повод кој го зближува семејството.Традиционално, на Петровден,  како што е редот и обичајот,  јас го приготвувам славскиот колач,  кој рано наутро го носиме во црква на спевање, заедно со сите оние дополнителни обичаи, црвеното вино и пченицата, вели сопругата на Претседателот во интервјуото за Прес24. 

Маја Иванова е една од ретките сопруги на македонските политичари кои активно учествуваат во развојот на хуманоста. Смета дека во Македонија жените се почесто сакаат да се вклучуваат во таквите активности и затоа ги повикува на поголема химанитарна вклученост.

-Се поголем е бројот на жени коишто се вклучуваат во хумани активности, кои се однесуваат на спознавањето и надминувањето на предизвиците од здравствен или социјален карактер. Сметам дека хуманоста, искреноста и самопожртвуваноста е втемелена во секого од нас, но понекогаш е потребен и поттик, потсетување, дека пред Бога сме сите еднакви. Токму затоа, ја користам оваа можност да им порачам на сите жени во Република Македонија, без разлика чии сопруги, мајки или ќерки се, дека никогаш не е доцна за една благородна мисија што може да промени нечиј живот, вели Маја Иванова во интервјуто за Прес24

ПРЕС24: Семејството Иванови е едно од оние семејства кое држи до традиционалните вредности и кое редовно може да се види во црква за празниците. Како се градат едни вакви вредности на почит кон традициите во едно семејство, ако се има предвид денешното современо општество, во кое верата и религијата немаат некое централно место?

ИВАНОВА: Македонија навистина е ризница на духовност и култура, и се согласувам дека ни е потребна една афирмација на верските и моралните вредности. Jас и мојот сопруг сме израснати во семејства во кои се почитувала верата и таа култура на почит кон традиционалните вредности, успеавме да ја негуваме, надоградуваме и што е најважно да ја пренесеме на нашиот син.

Прашавте како се градат тие вредности. Тоа е еден континуиран процес на учење, желба, љубов и пред се волја да го зачуваме она што нашите предци ни го оставиле како наследство, а тоа се традицијата и обичаите. 

Во денешницата, кога очигледно материјалното надвладува над духовното,  навистина е тешко да се препознаат вистинските христијански вредности. Така што, семејството според мене е основната нишка што треба да одигра клучна улога во враќањето на традиционалните вредности.

Посетувањето на црквите е навистина прекрасен обичај што редовно го практикуваме сите во семејството, но верата подразбира многу повеќе. Пред се, таа не може да се наметне.

Религијата се спознава, а потоа се апсорбира и се живее, преку лични примери и практикување на позитивните вредности. Така, родителите треба да претставуваат позитивен пример за своите деца.

Според мене, личните, меѓусебните и семејните односи се во основата на религиозните вредности. Само преку безусловно меѓусебно почитување, доверба и толеранција, можеме да ги оствариме тие вредности и да придонесеме кон позитивна промена на нашите општества. Мојот сопруг во една прилика кажа, какви ни се семејствата, таква ни е и државата.

ПРЕС24: Може ли денеска да се биде модерен човек од една страна и верник од друга?

ИВАНОВА: Апсолутно, зошто да не? Верата не познава богати и сиромаси, модерни и старомодни.  Да се биде верник,  не значи да се биде конзервативен. Тоа се предрасуди кои според мене не се издржани, и кои веројатно наоѓаат поддршка кај луѓе кои не умеат да ги препознаат и да ги ценат вистинските вредности. Овие предрасуди мора да ги надминеме.

Традицијата и верата воопшто не се косат со современоста,  туку напротив секогаш го положуваат тестот на новите времиња. Доколку тоа не беше така, денеска немаше да бидеме сведоци  на верски традиции кои успеале да опстојат со векови. 

Сите ние настојуваме да бидеме во тек со модерното живеење, но тоа не значи дека треба да заборавиме на корените, на традицијата, да бидеме атеисти итн. Впрочем тоа се потврдува и во пракса. Мислам дека денеска, на мое особено задоволство можеме да видиме се повеќе луѓе кои се посветени на религијата, и кои се враќаат на традицијата и тоа луѓе од сите општествени слоеви и генерации.

Истата паралела ја имаме и со глобализацијата кон која се стреми целиот свет, но од друга страна пак, секоја држава настојува да си го зачува својот национален идентитет, своите вредности, својата автентичност.

ПРЕС24: Што за Вас значи почитувањето на вредностите, на традициите, на верата?

ИВАНОВА: Тоа е еден систем на вредности, норми, принципи, идеали, кои треба да претставуваат водилка во животот. Правец кој го следиме. Нешто што ни дава надеж, што ја држи жива позитивната мисла, што ни помага да се соочиме и да ги пребродиме и најголемите предизвици, нешто што ни дава верба во подобро.

Вредностите немаат значење, ако не се консумираа,т и не се применуваат, и ако од нас не направат подобар човек, посветен на создавање на подобар свет. Традицијата и обичаите ги отсликуваат нашите корени, тие се наш личен печат, говорат за тоа кои сме и што сме. Затоа имаме должна почит кон нашите предци, да ги негуваме богатите македонски православни традиции, бидејќи во спротивност го загрозуваме сопствениот идентитет.

Верата треба да не обедини и сплоти. Сите религии учат на добро, советуваат на ширење љубов, на пружање помош, на мир и  толеранција. Ако добро ги спознаеме религиите, ќе ги премостиме и различностите меѓу нас. Жалосно е што денеска во светот сме сведоци на случаи на маргинализирање на религијата, или  пак на нејзина злоупотреба за политички цели преку грубо манипулирање со верниците.

ПРЕС24:  За Бадник, кај Вас дојдоа бадникари од кои можеше да се слушне една изворна бадинкарска песна, која во Македонија одамна е заборавена. Тоа беше навистина интересен и убав момент. Но, јас сакам да Ве прашам, пред се како личност која редовно ги посетува литургиите, кое е Вашето мислење за идејата за воведување македонско црковно пеење на литургиите, што го практикува Бигорскиот Манастир?

ИВАНОВА: Јас сум имала прилика заедно со семејството повеќе пати да присуствувам на литургиите и на македонското црковно пеење во Бигорскиот манастир. Тоа навистина е една неопислива атмосфера, една духовна исполнетост, преубава енергија што вдахнува возвишеност и прави да се чувствувате поблиску до Бога.

Особено ме радува што кај граѓаните и кај верниците се повеќе расте интересот за учество на божиќните литии и за заживување на старите духовни традиции, меѓу кои и оваа прекрасна бадникова песна – Вечниот бог.

Оттука го поддржувам и иницијативното движење за враќање на божиќната литија, односно молитва. Мислам дека треба да се реафирмираат црковните богослужби и да им се придаде поголемо значење, достоинственост и помасовна присутност. Вистинското прославување на големите христијански празници и славењето на Бога треба да се случува во црквите, како наши духовни храмови. Искрено се надевам дека во иднина оваа изворна песна, како и македонското црковно пеење повторно ќе прераснат во традиција, не само во Бигорскиот манастир, туку и во останатите храмови ширум Македонија.

ПРЕС24: Ако добро се сеќавам Вашето семејство има и семејна слава. Како изгледа една семејна слава кај Претседателот, а како кај професорот Иванов?

ИВАНОВА: Во однос на славењето на семејната слава, апсолутно ништо се нема променето. И претходно и сега, се држиме до црковните православни обичаи и го славиме денот како што тоа го прават и сите останати семејства.

Многумина мислат дека семејна слава ни е Ѓурѓовден, но всушност на 6 мај го славиме именденот на мојот сопруг што со голема љубов го приготвувам,а семејна слава ни е токму Петровден. За Петровден симболично велат дека е денот на летната радост и плодност кај православните Македонци.  Тогаш во нашиот дом се собира најтесниот круг на семејството. Тоа е една интимна и пријатна атмосфера, убав повод кој го зближува семејството.

Традиционално, на Петровден,  како што е редот и обичајот,  јас го приготвувам славскиот колач,  кој рано наутро го носиме во црква на спевање, заедно со сите оние дополнителни обичаи, црвеното вино и пченицата.  Во текот на целиот ден,  пред иконата на Апостолите Петар и Павле, во нашиот дом е запалено кандило и гори свеќа. Кога имаме можност присуствуваме и на утринската литургија. Инаку, на празникот му претходи пост,  што јас вообичаено го практикувам.

ПРЕС24: Моралните вредносни во ова денешно време, не се некоја одлика на младите генерации. Дали верата може да придонесе и до кој степен за да може Македонија да изгради млади личности со многу појаки морални карактеристики?

ИВАНОВА: Мислам дека тоа е еден од нашите најголеми предизвици, бидејќи за жал нашето општество се соочува со криза на моралните вредности. Се почесто сме сведоци на една извитоперена перцепција на етичките норми, односно вулгаризирање на моралот на сметка на личниот интерес. Неспорно е дека религијата може да одигра огромна позитивна улога во оваа смисла, и тоа токму преку семејство и преку  образованието. Секој млад човек има потреба од цели и принципи според кои ќе го насочи својот живот и ќе го обликува своето однесување. Ако таквите цели и принципи се инспирирани од религијата, тоа може да биде двигател кој ќе ги врати моралните принципи.

Искрено ме радува кога гледам дека се повеќе млади луѓе ги посетуваат храмовите и се навраќаат кон традицијата, и верувам дека секоја нова генерација ќе промовира многу повеќе толеранција и мирен соживот, а не омраза и предрасуди. Впрочем успехот на една нација, зависи од духот, свеста и совеста со кои ќе бидат опремени нашите идни генерации.

ПРЕС24: Вие сте една од ретките сопруги на македонските политичари која е активна во општествениот живоот преку разни хумани акции. Тоа во светската политика е практика, но кај нас за жал не. Сте размислувале ли да покренете некоја иницијатива за поголема заедничка вклученост на сопругите на политичарите во вакви акции?

ИВАНОВА: Можам да кажам дека ја имав таа привилегија да растам и да се градам како личност во семејство во кое верата зазема исклучително значајна улога. Искуствата и љубовта кон верата кои што ги наследив од мојата баба, сосема природно ја вдахнаа во мене и желбата да споделувам со оние кои имаат помалку, да им помогнам на немоќните и на обесхрабрените. 

Со задоволство можам да констатирам дека жените денес се  предводнички на граѓанските иницијативи во многу општествени области.

Се поголем е бројот на жени коишто се вклучуваат во хумани активности, кои се однесуваат на спознавањето и надминувањето на предизвиците од здравствен или социјален карактер. Сметам дека хуманоста, искреноста и самопожртвуваноста е втемелена во секого од нас, но понекогаш е потребен и поттик, потсетување, дека пред Бога сме сите еднакви. Токму затоа, ја користам оваа можност да им порачам на сите жени во Република Македонија, без разлика чии сопруги, мајки или ќерки се, дека никогаш не е доцна за една благородна мисија што може да промени нечиј живот.

Уште на самиот почеток, откако мојот сопруг беше избран за Претседател, активно се вклучив во повеќе активности, од кои дел, беа на моја лична иницијатива. Пред се, се посветив на здравјето на сите деца, со посебен акцент на активностите насочени кон борбата против аутизмот и подигнувањето на јавната свест за постоењето на оваа болест.

Ја поддржав националната кампања, благодарејќи на која Детската клиника во Скопје доби современ ургентен центар и сум редовен посетувач на оваа клиника. Преку покровителства и разни манифестации, се залагаме за подобри и еднакви услови на лицата со хендикеп, на лицата со даунов синдром, како и на лицата со ретки болести.

Го посетував Центарот за деца болни од церебрална парализа, како и децата без родители. Бев покровител и промотор на капањата „Здрава храна за детство без мана“ .

Понатаму, во континуитет, преку разни иницијативи ги поддржувам жените во надминување на своите предизвици на повеќе општествени полиња. Во таа насока, активно сум вклучена и во борбата против ракот на дојка. Дел од моите заложби е и промовирање на целокупното културно и историско наследство на Република Македонија.

Овие активности се составен дел од мојата агенда, како во земјава, така и во странските држави, кога го придружувам мојот сопруг во рамки на неговите официјални посети. Така што, овој мој ангажман е и причина што неретко сум поканета да учествувам на различни меѓународни конференции поврзани токму со овие прашања, како што беа конференциите во Њујорк, во Кина, во Истанбул, во Брисел...

Споменавте дека ова е практика во светската политика. Јас сметам дека не е во прашање само следењето на светските теркови, туку ценам дека и домашната јавност очекува еден поширок ангажман од сопругата на Претседателот.

Улогата сопруга на Претседател има своја тежина, привилегија, но и одговорност. Така што и ангажирањето во ваков тип на хумани и хуманитарни активности, како и активности за подигнување на јавната свест за многу прашања кои се уште за жал се третираат како табу,  дојде сосем спонтано и природно, при што од една иницијатива се раѓаше нова.

 

Не сакам да демонстрирам нескромност, но навистина се радувам што од оваа моја позиција имам шанса и можам да помогнам и да придонесам за доброто на моите сограѓани. Сакам да истакнам дека и натаму во рамките на своите можности, како жена, мајка и сопруга на Претседателот, ќе бидам отворена за соработка и со сето срце ќе ги поддржувам иницијативите кои се во духот на хуманоста.

 
 
10.01.2016 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега