Се користат „магични“ зборови - интернетот „полуде“ по новата социјална мрежа

 

Во петокот лансирана е нова социјална мрежа Peach, која веднаш стана хит.

Peach е креирана од Дом Хофман, а е достапна само за корисниците на iOS.

Новата социјална мрежа се издвојува од конкуренцијата, бидејќи корисниците можат да користат „магични зборови“ кои активираат одредени опции во нивните статуси. Ако, на пример, во прозорецот за статус напишете „gif“, на екранот ќе се појави Giphy пребарувач. Ако, напишете „here“, во склоп на статусот ќе биде вклучена и вашата локација.

Корисниците на Peach може да ги најдат своите пријатели, да постираат статуси, фотографии, видео записи, гиф-ови на својот профил.

Оваа апликација е бесплатна за корисниците.

 
 
12.01.2016 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега