Лепче со паричка за среќа и бериќет - вакво треба да замесите на Василица
И на Свети Василиј се меси лепче со паричка и на оној кој ќе му се падне се верува дека ќе има среќа во текот на годината. Домакинки, време е да го дознаете вистинскиот рецепт за василичарското лепче.
Рецепт за лепче со паричка.
250 мл млака вода
1 квасец
50 мл маслиново масло
1 лажичка сол
пола лажичка шеќер
1 лажичка сусам
1 лажичка буковец
1 лажичка оригано
1 лажичка семки од сончоглед
1 лажичка семки од тиква
1 лажичка ленено семе
1 лажичка афион
500 гр брашно
1 лажица палента
Подготовка:
Со овие состојки се замесува тесто помеко и се остава да кисне 20 минути. Потоа пак се размесува, се прави векна. Се остава да кисне уште 15 минути па се става паричката и се враќа во рерна. Лепчето се пече на температура од 180 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа