Колку потврди за азил се издадени од почетокот на годината?

Изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 1.842 странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од нив, како што соопшти МВР, 820 лица се од машки пол, 408 се од женски,  612 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.025,  Авганистан–577 и Ирак-240.  

Од 1 јануари до денеска издадени се потврди на вкупно 22.518 странски државјани, од кои 9.505 се од машки пол, 4.802 се од женски, 8.129 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 82 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-9.912, Авганистан-8.246 и Ирак-4.357.  

Изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од 1 јануари 2016 година до денеска до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија. 

 
 
13.01.2016 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега