Автомобили изгореа на Рузвелтова

Вчера на улица „Франклин Рузвелт" пожар зафатил два автомобили. 

Вчера околу 08:00 часот Ј.Ј. пријавил во полиција дека во Скопје на ул. „Франклин Рузвелт“ во подземните гаражи од непознати причини настанал пожар кој ги зафатил неговите две патнички возила „опел вектра“ и „форд фиеста“.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а причината за настанување на пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

 
 
13.01.2016 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега