Сарачини на средба со претставници на градежни компании
Денеска министерот за економија Ваљон Сарачини во Сојузот на стопански комори ќе има средба со претставници на градежни компании.
Сарачини ќе се сретне и со претседателот на Градежната комора Сеад Кочан.
На градежниците ќе им бидат презентирани придобивките од правилниците за енергетска контрола и за енергетски карактеристики на зградите.
Со правилниците за енергетски карактеристики на згради и за енергетска контрола објавени на 4 јули по направените измените во Законот за енергетика, Република Македонија ја постави основата за воведување стандарди во делот на потрошувачка на енергија во објектите. На овој начин се приближува кон остварување на целите за енергетска заштеда на национално ниво и рамноправно со земјите од Европската унија ќе има исти стандарди кои се дел од директивите на ЕУ.