Продолжува 85. седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 85. седница. На дневен ред се повеќе закони. 

Пратениците треба да расправаат за Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со втор дел од заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за изградба на автопатот на Коридор Х на делницата Демир Капија – Смоквица, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за субвенционирање на станбен кредит, на Законот за Народната банка на Република Македонија, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите по скратена постапка.

Исто така на дневен ред се измените на Законот за спортот, на Законот за судска служба, измените и дополнувањата на Законот за административни службеници, на Законот за внатрешни работи, на Законот за одбрана, на Законот за енергетика, сите по скратена постапка. 

Пратениците ќе дебатираат за предлог законот за утврдување на цени на водните услуги, за измените и дополнувања на Законот за земјоделското земјиште, измените на Законот за шумите, на Законот за лековите и медицинските средства, сите по скратена постапка и други.

 
 
14.01.2016 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега