И годинава продолжува проектот “Фондот поблиску до пензионерите”

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како финансиска институција од јавен интерес во здравствениот систем на Република Македонија продолжува со својата отворена и конструктивна соработка со сите субјекти во здравствениот систем, во рамките на своите надлежности и согласно законските прописи. Важен чинител во здравствениот систем се здруженијата на граѓани, а посебно место има Сојузот на пензионери на Македонија, соопштуваат од ФЗОМ.

Фондот за здравствено осигурување има одлична соработка со Сојузот на пензионери на Македонија и на взамено задоволство заеднички утврди дека поради големиот интерес од страна на пензионерите за  едукативни работилници, во 2016 година ќе реализира нов – трет циклус на теми кои се од посебен интерес на пензионерите.

-Договорено е проектот „Фондот поблиску до пензионерите“ да се одржува во текот на 2016 година  во 30 градови во Македонија, каде и Фондот за здравствено осигурување има подрачни служби, а Сојузот на пензионери има свои здруженија. Во овој проект трет партнер со којшто соработуваат ФЗОМ и Сојузот на пензионери на Македонија е Црвениот Крст на Македонија.

Досега, во 2014 година, одржани се 15 работилници, во 2015 година одржани се 32 работилници на територијата на цела држава. На овие работилници, тим од правници и лекари од ФЗОМ имаат свои презентации пред пензионерите на договорени теми, со посебно одвоено време за прашања од пензионерите, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Новиот циклус на работилници посебен осврт ќе има за специјализираната медицинска рехабилитација и рефундациите, кои се едукација за определени здравствени проекти и услуги кои ги финансира ФЗОМ, но и други теми што се од интерес за оваа категорија на осигуреници.

Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за своите права од здравствено осигурување како и за другите прашања кои се од интерес на оваа популација.

 
 
14.01.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега