Доаѓа снежна бура кон Македонија - температурите одат до минус 15

Утре под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат на запад, каде на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува и засилен јужен ветер. Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег. Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер. Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.

 
 
14.01.2016 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега