ВМРО-ДПМНЕ: Македонски шуми е еклатантен пример за недомаќинското работење на СДСМ во минатото

Стравот на СДСМ од изборниот пораз се гледа во секој збор и секој јавен настап. Затоа СДСМ има потребата да кажува манипулации и лаги за да ги прикрие очајот и мизеријата кои владеат во нивната партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните на 24 април ќе ги казнат за Фабриката за афери, за фалсификатите, лагите и измислувањата со кои една година ја држат Македонија во заложништво. Граѓаните ќе ги казнат и за катастрофалната состојба која СДСМ ја остави во минатото поради која последици се чуствуваат до ден денес. Македонски шуми е еклатантен пример за недомаќинското работење на СДСМ во минатото, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека СДСМ го остави јавното претпријатие Македонски Шуми со неплатен ДДВ од 30 милиони евра, со неплатени придонеси за вработените од преку 400 милиони денари, со невложен ни еден денар во подобрување на условите за работа на овие вработени, со невложен ни еден денар во механизација на ова јавно претпријатие.

-Ова се фактите кои СДСМ избегнува да ги каже и да ги спореди. Ова покажува колкав очај и мизерија владее во СДСМ, што сака аферите и скандалите на своето раководство да ги покрива со споменување на јавното претпријатие кое го запустија и задолжија во нивно време. 24 април сакал СДСМ или не ќе дојде, а со тоа ќе дојде и народната казна за сите лаги и деструкции на СДСМ.

 
 
14.01.2016 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега