Голем одрон на патот Маврово-Дебар

Голем одрон на камења го блокираше патниот правец Дебар-Маврово во петокот  претпладне во регионот на Долна Река, во близина на селото Јанче.

Блокирањето траеше повеќе од 30 минути, но потоа  беше овозможено  еден правец од патот да се ослободи.

Очевидци  - патници од Дебар велат дека  на почетокот самите патници учесници во сообраќајот тргнале еден голем  камен од патот и овозможиле возилата да се движат.

Раководителот на единицата на ЈП Македонија пат  во Дебар Деар Лимановски не информираше дека станува збор за голем одрон .

Екипите на Македонија пат се на терен и започна расчистувањето на одронот од камен.

Поради високите температури  но и врнежите од дожд, одрони има цела недела на патниот правец  Дебар -Маврово особено  кај  Рајчица, Косоврашки мост,  Јанче , Скудриње и Ростушки мост

 
 
15.01.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега