Владата бара инвеститори во Велика Британија
Делегација предводена од министерот за финансии Зоран Ставрески, во чиј состав се и министерот Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции Висар Фида, од денеска ќе ги презентираат поволностите за инвестирање во земјава во Велика Британија.
Предвидено е презентации да се одржат во Ливерпул, Лидс, Шефилд и Лондон. На британските бизнисмени ќе им биде презентирана климата за водење бизнис во Македонија и поволната даночна политика со најниски даночни стапки во Европа.