Хан и амбасадорите вложуваат крајни напори да го убедат Зоран Заев - исходот е неизвесен

Лидерот на опозицијата Зоран Заев бара одложување на изборите, кој според договорот од Пржино треба да се одржат на 24 април.

Веќе неколку часа трааат разговорите меѓу еврокомесарот Јоханес Хан и лидерите на четирите најголеми партии. Хан и другите амбасадори вложуваат крајни напори да го убедат Заев да биде рационален, но тој ја продолжува агонијата.

Лидерот на СДСМ отишол толку далеку што почнал да поставува и нови услови, се со цел да ги избегне изборите. Измислувал и тотално нелогични изговори зошто не може да се одржат изборите, а на тоа присутните започнале да му се смеат и да се шегуваат. Странците остро коментирале, свесни дека лидерот на СДСМ е нестабилна личност.

Сите се свесни за сериозноста на опструкциите кои ги прави Заев, бидејќи знаат дека неговото однесување и избегнувањето на изборите, кој се клучен дел од договорот, ја враќаат Македонија назад и практично значат поништување на се што досега е постигнато.

ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори. Трите партии дадоа уште многу предлози кои треба да се обезбедат дополнитена сигурност во изборите, но очигледно е дека СДСМ се плаши од народот.

Атмосферата е напната, а исходот сеуштен е незивесен. Лидерот на СДСМ дополнитело ја отежнува ситуацијата со тоа што личните и партиските интереси ги става пред државните.

На средбата во резиденцијата на еврокомесарот во Пржино присудтни се Аиво Орав, амбасадорот на САД во земјaва Џес Бејли, посредникот во преговорите на работните групи на партиите, Белгиецот Питер Ван Хауте, како и лидерите на четирите најголеми партии.

 
 
15.01.2016 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега