АМСМ со важна вест: Еве каде е укината забраната за камиони

 

Престанува воведената забрана за тешки моторни возила и автобуси на регионалниот пат Тетово - Попова Шапка, која беше воведена на 16 јануари 2016 година во 9 часот, информираат од АМСМ.

Поради силен северен ветар на патните правци Штип – Кочани, клучка Штип – Радовиш и Св.Николе - Куманово, наместа има појава од снег на коловозот.

Дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат се на терен и работат на расчистување на истите. 

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат, се наведува во соопштението на АМСМ.

Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на гр. премин Блаце.

Од АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

 
 
18.01.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега