Милошоски: Доста беше - избори на 24 април
Високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави дека нема да гласа за одложување на веќе закажаните избори на 24 парил.
„Година и кусур Зоран Заев ја држи цела Македонија во тензија, не ја признава изборната народна волја и бара предвремени избори.
За да се надмине кризата за доброто на државата, му се попушти и заеднички беа договорени избори на 24 Април 2016-та.
Повеќе нема - изнудените изборите се договорени на 24-ти Април - за друг датум, одлагање и со тоа продолжување на кризата во земјава, јас како пратеник во Собранието, нема да гласам!“ - напиша Милошоски на Facebook
Година и кусур Зоран Заев ја држи цела Македонија 🇲🇰 во тензија, не ја признава изборната народна волја и бара предвреме...
Posted by Antonio Miloshoski on Sunday, January 17, 2016
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа