По долго боледување почина Дејан Матиќ

 


Почина актерот Дејан Матиќ на 61-годишна возраст по долго и тешко боледување, потврдија од Белградскиот драмски театар.

Матиќ е роден во Белград на 24 февруари 1963 година. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1990 година, во класата на Миленко Маричиќ. Актерската кариера ја започнал во театарот Ателје 212.

Играл и во Југословенскиот драмски театар, театарот Пуж, како и во малиот театар „Душко Радовиќ“ каде што бил постојан член на ансамблот од 1993 до 1997 година. Во 1991 година со Драган Јовановиќ и Раде Марковиќ ја основал театарската трупа Т.Кугуар, а во 1996 година рок групата Вис д Кугуарс со која настапувал во театарот Звездара, како и низ земјата и странство.

Станал постојан член на Белградскиот драмски театар во 1997 година.

Од 1997 година се занимавал со нуркање, а се интересирал за подводна фотографија и едукација. Тој станал инструктор по нуркање во 2006 година во најважните светски асоцијации.

Глумел во сериите „Мојот селски братучед“, „Отворена врата“, „Театар дома“ и други. Во серијата „Мојот селски братучед“ го играл Стојан Катаниќ.

05.02.2025 - 14:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега