Драма во Гостивар: Двајца во болница

Околу 13 часот и 30 минути во Гостивар на булeварот „Браќа Ѓиноски“ настанала вербална расправија помеѓу лицата Е.А. (70) од селото Топлица од една страна и Х.Р. (49) и Х.Б. (24), двајцата од селото Добридол, од друга страна. Расправијата прераснала во меѓусебна тепачка, при што биле користени тврди предмети од двете страни. При тепачката Е.А. се здобил  со телесни повреди расекотини во пределот на главата, а Х.Р. се здобил со скршеница на десен лакт. На истите им била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар Гостивар, по што  се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицијата во Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

 

 
 
22.01.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега