Раст на прометот на индустријата
Прометот на индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи раст од 8,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар има опаѓање од 13,5 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20,8 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во мај 2013 година во однос на мај 2012, бележи пораст од 19,3 отсто, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 8,1 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај капиталните производи за 94,4 отсто, додека опаѓање бележи кај енергијата за 74,5 отсто, интермедијарните производи, освен енергијата за 0,8 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 18,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто.
Прометот во индустријата во мај 2013 година во однос на претходниот месец, е помал за 2,6 проценти, додека во периодот јануари-мај 2013 година, во однос на периодот јануари-мај 2012 година, има пораст од 5,5 отсто.