Крвав викенд во Македонија: Едно лице загина на патот Кичево-Гостивар

На магистралниот пат А-2, Кичево-Гостивар, на местото викано „Сеферов бунар“, утрово околу 5 часот се случила сообраќајна незгода. Патничко моторно возило „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар Д. од село Србица-Кичево, при престигнување на друг автомобил излетало од коловозот.

Со возило на Итната медицинска помош лицата се пренесени во МЦ-Кичево, каде Деар Д. им подлегнал на повредите, а совозачот е задржан на понатамошно лекување.

 

 
 
24.01.2016 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега