Скопјанец се обидел да силува две девојки на трим патеката во Центар

30-годишниот скопјанец А.С. заработи кривична пријава за силување во обид. Тој со употреба на сериозна закана и физичка сила се обидел да изврши обљуба врз две лица, но за среќа бил спречен во намерата. За извршените кривични дела, од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Според податоците од полицијата, на 17ти овој месец околу 17 часот го извршил едното од делата на „Кеј 13-ти Ноември“ на пешачката патека, врз странска државјанка која што во тој период трчала на трим патеката. Вториот обид го извршил на булеварот „Крсте Мисирков“, поточно во близина на Адвокатската улица, врз девојка којашто поминувала по улицата.

А.С. минува во крим евиденциите на МВР и против истиот поднесени се четири чривични пријави за различни кривични дела.

 

 

 

                                    

 
 
25.01.2016 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега