Крваво на македонската граница: Еден бегалец убиен - двајца повредени

Еден бегалец е убиен, а двајца други се повредени денеска при тепачка меѓу имигранти на грчката страна од границата кон Македонија, објави електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“.

Според весникот, тепачката, која се случила рано изутринава, започнала меѓу група имигранти кои чекале на границита за влез во Македонија. Причните за тепачката не се познати, 

„Катимерини“ наведува дека во последново деноноќие од Грција во Македонија преминале околу 2.000 бегалци, додавајќи дека минувањето на границата се одвива без застој.

Неколку невалдини органзиации и активисти реагираат затоа што бегалците не се сместуваат во времениот камп во пограничното село Идомени, туку чекаат на една бензиска станица на околу 20 километри од границата.

Според грчката полиција, во времениот камп во Идомени се сместени околу 500 бегалци, додека на посочената бензиска станица чекаат 39 автобуси со вкупно 2.000 лица, кои чекаат да бидат префрлени во неутралната зона на гранцата меѓу Грција и Македонија

 
 
25.01.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега