Седници на две собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисија за одбрана и безбедност.
        
Членовите на Законодавно-правна комисија на денешната седница ќе расправаат по предлог-законите за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, за  изменување на Законот за високото образование, во прво читање, како и за Предлог - одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. 

 
 
26.01.2016 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега