Началникот на ГШ на АРМ ќе реферира пред претседателот Иванов

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денеска ќе реферира за борбената готовност на АРМ во 2015 година пред претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов.

Претседателот Иванов на реферирањето, соопшти МО, ќе биде информиран за задачите и степенот на нивната реализација во земјата и странство од страна на АРМ.

 

Како што е најавено, на реферирањето ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, претставници од кабинетот на претседателот Иванов, како и раководители во МО и ГШ на АРМ.

 
 
26.01.2016 - 08:28
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега