ВИДЕО: Демагогија за медал - Заев „зачуден“ дека се штанцале пасоши

Фабриката за афери на СДСМ комплетно го демаскираше Зоран Заев. Шемата на опозицискиот лидер да дојде на власт преку лаги и манипулации ја откри полицијата откако пред повеќе од еден месец упадна во куќата на Чаушот каде како што подоцна покажа истрагата се штанцале пасоши и лични карти за потребите на Заев и СДСМ.

На социјалните медиуми веднаш се појавија фотографии на кои можеше да се види Заев во друштво на Чаушот во канцелариите на СДСМ на Бихаќка.

Заев и самиот призна дека Чауш е член на СДСМ.

Производствениот процес на аферите на СДСМ во фабриката на Чаушот

Шемата на СДСМ и Чаушот била многу едноставна. Чаушот по налог на Заев печател фалсификувани лични карти и пасоши. Потоа, тие документи му ги давал на еден новинар од весникот Фокус кој ги лиферуваше како „афери“ во јавноста.
Во ноември 2014 година Фокус ја објави т.н. афера „Пасоши“.

Според она што го напиша весникот во куќа на непозната локација се печателе фалсификувани пасоши кои потоа можело да се злоупотребуваат во изборниот процес. За приказната да биде поубедлива, Фокус објавува и видео на YouTube снимено во фабриката за штанцање пасоши.

 За оваа „афера“ новинарот на Фокус доби и награда за истражувачка сторија од Европската Унија. 

Помалку од една година подоцна, истиот новинар, преку истиот весник, финансиран од СОРОС повторно објавува нова т.н. афера со која ја обвинува власта за фласификување на лични карти кои потоа ќе се користат на изборите.  За да биде убедлив, на МВР (кое во меѓувреме го презема СДСМ и Оливер Спасовски) му доставува стотина фалсификувани лични карти.

Фабриката во стечај

Пред повеќе од еден месец полицијата открива куќа во која се печателе фалсификувани документи. Прво осомничен е Захир Бекири Чауш, близок пријател на техничкиот министер Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Во фабриката пронајдени и 70.000 прислушувани разговори во фолдер „Заев – СДСМ“.
Пронајдени и фалц бугарски пасоши со имињата на Груевски, Протоѓер и останати високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Откриени фалсификувани обрасци од банкарски трансакции со името на Сашо Мијалков но и украдени 120.000 идентитети на македонските граѓани.

Афери на Фокус и СДСМ – срамна манипулација

Истрагата која ја поведе Јавното обвинителство веднаш ја крена маглата во која СДСМ, Заев и Чаушот ги држеа граѓаните. Првиот поглед на запленетите машини за печатење и споредувањето со видеото кое Фокус го објави за аферата пасоши го вклучи алармот.

Тепихот во домот на Чаушот само ги потврди сомневањата.

Чауш ги печател и пасошите но и личните карти за Фокус. Соросовиот медиум и Зоран Заев се комплетно демаскирани.

Демагогија од невидени размери

Дека СДСМ е партија која се служи со лаги и манипулации од најдолен вид не е ништо ново за македонските граѓани. Тие тоа го покажуваат во секој изборен процес покажувајќи и на опозицијата дека со лаги не се доаѓа на власт.
Но таа лекција во СДСМ никој не сака да ја научи. Дека опозициските функционери може да ве гледаат во очи додека ве манипулираат покажува и овој говор на Зоран Заев снимен на трибина на опозициската партија, пред откривањето на Фабриката за афери.

 
 
26.01.2016 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега