Издадени 2.835 потврди на мигранти за барање право на азил

Во текот на вчерашниот ден на 2.835 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил. Од нив 1.048 се од машки пол, 655 се од женски и 1.132 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -1.597, Авганистан –656 и Ирак -582.

Од 1 јануари до синоќа издадени им се потврди на 44.062 странски државјани, од кои 18.447 се од машки пол, 9.486 се од женски и 16.028 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -22.196, Авганистан -13.766 и Ирак -8.097.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од 1 јануари до синоќа до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се 22 баратели на азил од кои 19 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

 
 
26.01.2016 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега