Подгответе се: Доаѓаат пролетни температури

Денеска уште малку ќе треба да го „истрпиме“ облачното време.

Слаб снег од оваа облачност сеуште ќе провејува на планините. Од вечерва очекуваме тренд на постепено и постојано намалување на облачноста.

Денеска очекуваме максимална температура помеѓу 6°С и 8°С низ котлините на запад и север, а на југоисток околу 11°С. На повисоките места максималната нема да надмине 3°С.

Претежно вредро време се очекува во наредните неколку дена.

Можна е појава на слаба магла низ котлините во четврток наутро.

Она што ќе го одбележи овој период, барем до петок, е порастот на температурата.

Наутро минималната во глобала ќе има вредности до околу -4°С до 2°С во наредните денови, се до петок.

Максималната во среда ќе достигне вредности од 7°С до 9°С низ котлините во западниот и северниот регион, а на југоисток околу 13. 

Четврток во однос на среда ќе биде потопол за околу 3°С. 

Во петок пак, се очекува максимална температура од 8°С до 11°С низ поголемите населени места, освен на југоисток, каде се очекува максимална околу 13°С.

 
 
26.01.2016 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега