Страшна несреќа во Битола: Возачот целиот „испокршен" итно пренесен во болница

На крстосницата меѓу улиците „Буковски мост“ и „Македонска Фаланга“ со влез за паркинг на „Здружение на возачи – Транскоп“ во Битола вчера во 9 часот и 20 минути се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „Мерцедес“ со битолски регистерски ознаки, управувано од З.Д. (50) од Битола и „Пежо 206“ со битолски регистерски ознаки, управувано од Д.У. (31) исто така од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на два вратни пршлени, контузија на челото со мал потрес на мозок и набиеница на десно рамо) се здобил Д.У. на кој му била укажана лекарска помош во Клиничката болница-Битола и е задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност во патничкиот сообраќај-Битола.

 

 
 
26.01.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега