Николовски потпретседател на ПС на Советот на Европа и избран за потпретседател на Комисијата за политички прашања и демократија

На почетокот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, шефот на Македонската делегација, Александар Николоски беше реизбран на местото потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа.  Николоски беше избран и за прв потпретседател на Комисијата за политички прашања и демократија. Во оваа Комисија членуваат шефовите на Делегациите на земјите-членки на ПС на СЕ.

Членовите на Комисијата имаат право да бидат застапени во делегациите на Собранието на релевантните европски министерски конференции и да ги следат нивните активности, а одржуваат и работни односи со европските и меѓународните организации, особено со Европската унија, ОБСЕ, ОН и нивните агенции и институции. Комисијата, исто така, ја промовира ратификацијата и имплементацијата од страна на државите-членки на Советот на Европа на конвенциите кои спаѓаат во нејзиниот делокруг.

За потсетување, во изминатите две години Николоски беше потпретседател на Мониторинг комитетот на ПС на Совет на Европа. 

 

 
 
26.01.2016 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега