Потпишан договорот за новата инвестиција на Ван Хол во Македонија

 

Белгиската компанија Ван Хол ќе реализира инвестиција од 15 милиони евра во производствениот капацитет во Македонија во следните 4 години, во која ќе бидат вработени околу 400 нови работници. 

Договорот за инвестицијата денес го потпишаа директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и директорот на компанијата Филип Ван Хол.

-Во втората инвестициска фаза, компанијата планира да го удвои производството од досегашното, односно од 500 возила годишно на околу 900. Воедно имаме и нов проект и покрај извозот во Америка и Европа сакаме да се фокусираме на извоз на нашите производи кон Израел, истакна Ван Хол.

Директорот на ТИРЗ посочи дека досегашната фабрика на Ван Хол се протега на 38.000 метри квадратни, а новата ќе биде на површина од 34.000 метри квадратни.

Ова ќе биде најголемиот индустриски капацитет во Македонија. На потпишувањето на договорот присуствуваа техничкиот премиер за спроведување на изборите Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

 
 
26.01.2016 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега